
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод смртта на Перо Ивановски – Тиквар, упати телеграма со сочувство до Сојузот на Борците на Република Македонија.
„Великанот на НОВ и учесник на Првото заседание на АСНОМ, Перо Ивановски остави неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за ослободување, самобитност, државност и независност на татковината“, напиша премиерот Заев во телеграмата.
Тој, во телеграмата нагласи и дека преданоста кон идеалите и борбата за поубава и слободна Република Македонија, животниот пат на Ивановски го прават судбински испреплетен со патот на нашата татковина.
Перо Ивановски – Тиквар е роден 1920 година во Прилеп, бил учесник во НОВ, како и учесник на Првото заседание на АСНОМ.
Претседателот Ѓорге Иванов по повод празникот 11 Октомври, во 2014 година го одликуваше со Oрден за заслуги за Македонија Петар Ивановски-Тиквар, истакнат деец, борец на македонското национално ослободително движење и учесник на Првото заседание на АСНОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


