
Поставувањето на советничките прашања заврши пред време откако градоначалникот на град Скопје, Шилегов во еден момент од расправата откако нагласи дека прашањата на советниците од опозицијата не му се по мерк,а премина со навреди и лични дисквалификации на личности и советници што од страна на советниците на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата беше дефинирано како уличен и срамен речник.
Тој на прашањето на советникот Михајло Маневски кој побара од Шилегов да одговори зошто градот е бавен во реакцијата за справување со паднатите дрва и зошто не превзема мерки да се обештетат граѓаните на Скопје, зачудено одговори зошто му поставуваат нему такви прашања и дека тоа било работа на осигурителните компании. Шилегов влезе и во клинч со опозициските медиуми незадоволен од начинот на кој известувале за неговата работа.
– Вие не сте достојни и не сте луѓе, јас сум човек а што сте вие, ништо…изјави Шилегов кој претходно спомена дека дрвосечач на градот бил Коце Трајановски. На ова жестоко вербално реагираа советниците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои демонстративно ја напуштија седницата.
Тие најавуваат дека ќе поднесат интерпелација за работата на претседателот на советот Љубица Јанцева која остана нема на говорот на омраза на навредите на градоначалникот Шилегов.
– Ова може да се опише како обид на двоецот Шилегов – Јанцева да ја замолкне опозицијата и различното мислење, преку навреди и лични дискафалфикации недостојни за еден градоначалник сакаат да ни го оневозможат нашето право на збор, истакнаа советниците од опозицијата.
Тие посочија дека Јанцева демонстрира врвна нестручност во одењето на седниците и на извесен начин се става во подредена улога на Шилегов кој на овој начин сака да ја дефокусира јавноста од сопствената неработа и неспособност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


