| четврток, 6 декември 2018 |

Иако поканет, градоначалникот на Центар не дојде на чај во Бастион (Видео)

Во скопскиот локал Бастион денеска се одржа Утринска чајанка, на која беа присутни многу скопјани, жители на Општина Центар и претставици на медиумите. Како што претходно најавија од Бастион, на Градската Чајанка беше поканет и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ – Српче. За жал, посочуваат од локалот, неговото столче остана празно.

-Екипата на Бастион, во пригодни маички посветени на својот градоначалник, сами со медиумите сепак ја оддржаа пригодната чајанка. Медиумите ги имаа на увид сите потребни документи кои ги поседува ова скопско кафуле, а кои градоначалникот од само свои селективни причини не сака да ги види.. Екипата на Бастион поради пропуштената шанса за градска дружба во најцентарската општина, најавува нова забава, овојпат пред Општина Центар, за која дополнително ќе бидете известени, информираа од Бастион.

Општина Центар вчера почна акција за отстранување на нелеглано поставените тераси пред кафулињата, меѓу кои и онаа на Бастион. Од скопскиот локал обвинија дека нелегално им отстранета терасата.

слободенпечат/видео а1он

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top