Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и натаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија, се вели во реакцијата од канцеларијата на шефот на државата на зачестените барања од владејачката партија СДСМ и нејзини функционери кои следеа откако претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише Договорот со Грција за промена на името сметајќи го за противуставен и штетен за државата.
Од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија посочуваат дека немаат законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“.
– За нас е нејасно на кој начин може г. Роберт Поповски, министер без ресор, да наложува и бара од институцијата Кабинет на Претседател на Република Македонија да прифати вакви мерки, за кои веќе постојат механизми во Република Македонија, освен ако не се работи за популизам, што за Кабинетот на Претседателот е неприфатливо. Сметаме дека сè што треба да се направи е да се почитуваат и спроведуваат постоечките прописи, велат од Кабинетот на шефот на државата.
Во контекст на ова, говори и извештајот на Центарот за економски анализи http://cea.org.mk/wp-content/uploads/2018/06/CEA-3-6-9-i-Blueprint-Monitoring-public-finances-za-9-meseci-FINAL.pdf каде се посочува дека “софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајна определба како ефикасна алатка кон поголема отчетност од именуваните и избраните функционери.
Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.
– Мојот став е конечен и нема да ме поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да поддржам и потпишам ваков штетен текст на договор, изјави претседателот Иванов на 13-ти јуни 2018 година во обраќање до нацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст