| четврток, 6 декември 2018 |

Студенти од Бристол собрале пари за омилениот чистач да го посети семејството во Јамајка

Студенти од британскиот Универзитет на Бристол собрале 1.500 фунти за нивниот миленик – универзитетскиот чистач Херман Гордон да може да си го посети семејството во Јамајка за празник.

– Тој е симбол на среќата, се вели во објавата на интернет страницата „Just Giving“, преку која се собираа средствата.

Подарокот Гордон го доби со порака од дарежливите студенти.

– Ти ни ги разведруваш деновите и сакаме да знаеш дека го цениме тоа и те сакаме, пишува во писменцето.

Чистачот сето тоа го прими со солзи и огромна благодарност кон студентите, нагласувајќи дека „позитивната енергија мора да продолжи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top