| четврток, 6 декември 2018 |

Давал отпор при апсење: Гостиварчанец вчера му скршил нос на полицаец

Околку 12.50 часот вчера во Гостивар на улицата „Мара Угриноска“ Д.К. (33) од Гостивар при обид да биде приведен од страна на двајца полициски службеници, почнал да дава активен отпор и со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крварење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник.

По кратко време Д.К. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top