Традиција за време на мундијалите ширум светот е да се раѓаат нови фудбалски „експерти“ кои даваат коментари за најважното случување во спортски план, а доста често е да се јават и сопругите во прв план, особено откако ќе се оствари некој непосакуван резулат.
Јелена Карлеуша исклучително еуфорично го најави клучниот меч меѓу Србија и Бразил и порача дека ќе трча гола доколку нашиот северен сосед направи големо изненадување против „кариоките“, но не само што Кутињо, Нејмар и компанија ја оставија без можност да ја оствари желбата, разочарувањето беше уште поголемо бидејќи нејзиниот сопруг Душан Тошиќ се најде на клупата за резерви по поразот од Швајцарија.
Селекторот Младен Крстајиќ одлучи да им даде шанса на двајца млади стопери, а Карлеуша по поразот од 2:0 го нападна тренерот за ваквата одлука.
– Така е кога наместо брутален дефанзивец игра некое дете…
Tako to ide kad umesto brutalnog defanzivca igra neko dete….
— JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) June 27, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст