| четврток, 6 декември 2018 |

Едвај се спаси: Некогашната убавица тоне се подлабоко

Американската актерка Хедер Локлир (56) се обиде да се самоубие, откако се предозирала со лекови.

Таа повторно беше уапсена откако ги нападна полицијата и болничарите, кои во нејзината куќа дошле на повика на нејзиното семејство. Актерката била пијана, па е однесена во затвор.

Против неа е поднесено обвинение, но е пуштена да се брани од слобода откако платила кауција од 20.000 долари.

Локлир, кога се вратила дома се предозирала со лекови. Членовите на семејството веднаш повикале итна помош, и таа е префрлена во болница.

Нејзината состојба сега е стабилна и прима терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top