| четврток, 6 декември 2018 |

Хурем е среќна мајка: Ќерка и е нејзина копија

Мерјем Узерли, актерката која многумина ја памтат по улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“ го поминува секој слободен момент со нејзината ќерка. Актерката досега ја криеше малата Лара од јавноста, а деновиве конечно откри како таа изгледа.

Обожавателите на актерката велат дека малото девојче е копија на убавата „Хурем“.

Инаку, Марјем за време на бременоста помина низ вистинска драма.

Таа избега од насилниот вереник Кан Атес кој во прво се откажа од ќерката, а потоа бараше старателство.

Сепак, актерката се избори и денес е единствен законски старател на малата Лара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top