Владимир Путин своето семејство секогаш го чува далеку од очите на јавноста. Многу малку се знае за него и неговата поранешна сопруга Људмила со која беше во брак 30 години, а уште помалку се знае за наводната моментална девојка, за која многумина сметаат дека веќе е и негова сопруга, поранешната гимнастичарка Алина Кабајева.
Меѓутоа, она што најмногу ја интересира јавноста е колку точно деца има Путин. Се знае дека од првиот брак со Људмила имал две ќерки, Марија и Катерина. Марија е родена во 1985 година во Ленинград, денешен Санкт Петербург, а Катерина една година подоцна во Германија каде Путин работел за КГБ, пренесува Бизнис Инсајдер.
Марија учела биологија, па подоцна медицина, а Катерина азиски студии. И двете студирале во Москва, но со лажни идентитети. Денес 33 годишната Марија живее во Москва со сопругот, Холанѓанецот Јорит и се занимава со медицински истражувања. Наводно има и дете, бидејќи Путин во една прилика призна дека е дедо.
Катерина наводно живее луксузен живот. Има 31 година и е акробатска танчерка во државниот Универзитет во Москва. Таа е на чело на старт-ап вреден 1,7 милијарди долари. Во 2013 година се омажи за милијардерот Кирил Шаламов, но се развеле оваа година.
Се верува дека Путин има и трето дете со гимнастичарката Алина, но сè уште не е ништо официјално, како ниту нивната врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст