| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона со свое шоу на трибините: Прво танцуваше со нигериска навивачка, па им покажа среден прст (видео)

Легендарниот Диего Марадона очигледно не може без контроверзи. Тој не издржа по победничкиот гол на Маркус Рохо (1-2), кој ја одведе Аргентина во осминафиналето, а да не се израдува на нему својствен начин. Во тотално невкусен манир за сцена толку голема колку што е Мундијалот, тој пред очите на светската јавност им покажа среден прст на Нигеријците.

Интерено е тоа што пред почетокот на мечот Марадона беше далеку попријателски расположен кон навивачите на противниците на Аргентина, па дури со една од нигериските навивачки танцуваше на трибината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top