| четврток, 6 декември 2018 |

Со победата над Нигерија, Аргентина ја фати сламката на спасот

Репрезентацијата на Аргентина со 2-1 ја победи Нигерија и успеја да се пласира во следната фаза на Мундијалот и покрај двата порази во првите две кола. Во нивен прилог беше и резултатот од мрчот Хрватска – Исланд во кој „коцкестите“ не му оставија ниту еден бод на противникот кој исто така имаше шанси за освојување на второто место во групата.

Меси отвори во првиот дел на мечот, за Мосес да израмни на почетокот на второто полувреме за 1-1. Спасител на Аргентинците беше Рохо кој стрелаше за конечните 2-1 на само неколку минути пред крајот на мечот.

Аргентина сепак ќе има пеколно тешка задача во следната фаза во која оди на Франција, а првопласирана Хрватска ќе се сретне со репрезентацијата на Данска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top