
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна можниот датум за преговори за Македонија за влез во Европската Унија идната година, значи катастрофа.
– Зоран Заев во неколку наврати ни потврди дека се што ќе каже ќе излаже. Ова значи катастрофа за граѓаните на Република Македонија. Не само што ги распродаде државните и националните интереси, не само што го потпиша и се обиде да се ратификува ова капитулантско дело, сега гледаме дека бенефитот не е никаков. Цело време се обидуваше да ги манипулира чувствата на граѓаните и нивната свест. Ќе се обидат да создадат димна завес, невозможното да ви го прикажат за возможно, ќе се обидат да ни продаваат дека сега мед и млеко ќе почне да тече во државата, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата и Заев немаат ниту план, ниту визија како понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


