Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на емисијата „Јади Бурек“ вели дека, во овој момент главната игра на Зоран Заев и на Никола Димитров не е референдумот или договорот туку оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и да се прогласи партијата за радикална.
Тој го посочи примерот со фарбањето на штабот од страна на навивачка група на кошарски клуб кој е финансиран од општина која е под водство на СДСМ.
– Заев и Димитров би биле сега најсреќни ВМРО-ДПМНЕ да се радикализира, да биде ВМРО исклучено од Европската народна партија, да биде ставено водството на ВМРО на европската црна листа и на САД и тие овде да си имаат пашалак. Ама тоа задоволство нема да им го овозможиме. Треба да се свесни граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ стои, стоело и ќе стои на браникот на македонските национални интереси, вели Николоски.
Николоски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ треба да е релевантна политичка партија, а тоа се постигнува со комуникација со меѓународната заедница но и со сите оние кои ги носат одлуките во државата.
Според него, алтернативите се или ВМРО-ДПМНЕ да не постои или да е во опозиција 15 години, а за тој временски период може да се случат и полоши работи од оваа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст