На денешното судење за предметот „Монструм“ беа пуштени повеќе видео фајлови од изјави и признанија на обвинетиот Хаки Азири, кои сега на повтореното судење, тој ги негира и тврди дека ги дал по тепање и малтретирање од полицијата, јавува СДК.мк.
Смирен и спокоен, Азири пред истражниот судија Владимир Туфегџиќ во Кривичниот суд на 17.05.2012 година дава детален и хронолошки редослед за неговиот удел веднаш после петкратното убиство кај Смиљковско езеро. Хаки Азири тогаш си признава дека попладнето пред масакрот го однел третообвинетиот Агим Исмаиловиќ до Топанско Поле кај што се префрлил во „опел омега“ и заминал некаде да расчистел нерасчистени сметки.
Одговара дека двајцата кои ги возел немале оружје, но имале маски на главите, црни тренерки и црни ракавици. Кај 23 часот на интернет разбрал дека се убиени деца. Кога го кажал тоа, Алил Демири ја наведнал главата. Се пушта ново видео каде Хаки Азири кажува пред истражниот судија дека првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои по убиството избегаа на Косово, дека токму таму имаат роднини.
Обвинителката Фетаи рече дека целта е постигната, оти од снимките се виде дека изјавите Хаки Азири ги давал без присилба пред истражниот судија и оти не мора натаму да се преслушуваат сите видеа. Судењето продолжува на 5 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст