| четврток, 6 декември 2018 |

Истурил запалива течност и му ја запалил куќата

Непознат сторител подметнал пожар во семејна куќа во Куманово.

Според полицијата. вчера околу 22 часот во Куманово на ул.„Драги Шутевски“ во куќа сопственост на Р.С. (65) кој живее на истата улица, непознат сторител со запалива течност ја испрскал влезната врата од куќата и ја запалил. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица од Куманово.

По наредба на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од крим техника.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top