| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската фудбалска ѕвезда Тони, ќе игра за Верона

Медиумите од Апенините ја пренесоа информацијата дека поранешниот фудбалски репрезентативец на „Аѕурите“ Лука Тони, потпишал едногодишен договор со Верона, екипата која направи „кам-бек“ во Серија А

Verona-Luca-Toni-

Италијанскиот ветеран од нападот, некое време бараше ангажман, па во Верона пристигнал како слободен играч, а за идната сезона во редовите на калчолигашот ќе заработи 400 илјади евра.

Фудбалерот кој неодамна наполни 36 години, минатата натпреварувачка кампања ја мина исто така во италијанскиот елитен ранг, бранејќи ги боите на Фиорентина.

За составот од „Артемио Франки“ одигра вкупно 28 средби и забележа 8 реализации,

Пред да дојде во таборот на „Виолетовите“, Тони настапуваше голем број екипи, меѓу другите за Модена, Виченца, Бреша, Палермо, Баерн Минхен, за Рома, Јувентус, Џенова и за Ал Наср.

За националниот тим на Италија искусниот голгетер има одиграно 47 натпревари, на кои постигна вкупно 16 погодоци, а со „Аѕурите“ во 2006-та година ја освои и титулата светски шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top