| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот министер Матео Салвини: Не примаме ни еден мигрант, ЕУ се распаѓа

Иднината на ЕУ е ризична и ќе биде одредена во текот на следаната година, смета министерот за внатрешни работи и потпретседател на
италијанската влада Матео Салвини.

“Следната година ќе стане јасно дали ќе биде зачувано единството на ЕУ”, рекол Салвини во интервју за германскиот “Шпигл”.
Министерот истакнал дека Италија неможе да прима мигранити, “неможеме да прифатиме ни еден човек, напротив сакаме некои некаде да ги
испратиме”, додал тој.

Деновиве Салвини ветил дека на работниот состанок на Европската комисија ќе ја претстави “мапа на патот” за решавење на проблемите со
миграцијата, каде што се четири главни точки ќе бидат јакнење на Европската агенција за контрола на границите “Фронтекс”, промовирање на договорот со северноафриканските земји за намалување на “миграцискиот притисок”, воспоставување на систем за прием на мигранти и забрзување на проседура за враќање на илегелни мигранти во своите земји.

Крајот на минатата недела властите во Италија и Малта ги затвориле своите пристаништа за бродот “Аквариус”, на кој се ноѓале повеќе од 600 мигранти кои ги профатила Шпанија.

Ситуацијата со “Аквариус” предизвикала дипломатски сканадал во односите Рим – Париз. Претставник на владеачката француска партија “Напред, Републико” Габриел Атал ставот на Италија го оценил какао “мачен”, а претседателот Емануел Макрон преку официјалниот потпарол ја обвини Италија за “цинизам и неодговорност”.

Како одговор на француските критики, владата на Италија изјавила дека нема намера да прифаќа “лицемерни лекции од земја која на тема миграција секогаш преферирала да го сврте вниманието на друга страна”.

Подоцна сепак италијанскиот премиер Џузепе Конте и Францускиот претседател Макрон разговарале и притоа успеале да ги решат несогласувањата .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top