По завршувањето на преговорите со Македонија, Грција во дипломатска офанзива да ги затвори отворените прашања и со Албанија. Официјална Тирана и Атина го финализирале текстот на спогодбата помеѓу Албанија и Грција за надминување на билатералните проблеми.. Текстот на спогодбата бил усоласен меѓу министрите за надворешни работи на Албанија и Грција – Козијас и Бушати на островот Родос на маргините на одржувањето на конференцијата за регионална безбедност и стабилнсот. Потпишувањето на овој документ од страна на премиерите на Албанија и Грција Алексис Ципрас и Еди Рама е најавено за време на одржувањето на самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни.. Во текстот на спогодбата како што пренесуваат грчките дел од грчките медиуми се регулира прашањето на морската граница меѓу двете држави, опфатено е и укинувањето на законот за воена состојба, правата на грчкото малцинство во Албанија но според дел од албанските медиуми нема ништо за протераните Албанци од северниот дел на Грција за кои грчките претставници секогаш изјавуваат дека тоа прашање за нив не постои.
Според детали кои ги објавуваат грчките медиуми, Албанија на Грција ќе и одстапи 12 милји од своите територијални води на Јонско Море на чие дно се проценува дека има големи резерви на нафта и гас, а Грција пак ќе го поништи законот за војна со Албанија донесен пред околу седумдесетина години.
Поранешниот албански премиер, Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници. Во интервју за тиранската телевизија „Клан“, Бериша изјавил дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.
– Ова што го подготвува премиерот Рама е нова поделба на албанските простори по што може да се предизвика конфликт. Договорот е на штета на Албанија и значи губење на нови простори по 1913 година. Имаме информации дека спогодбата е катастрофална за Албанија. Текстот е подготвен од страна на Грција која укажала дека нема да преговара, Бериша.
Доколку договорот биде ратификуван во парламентот, ќе биде потребен и потпис од Албанскиот претседател Илир Мета, кој пак побара подетални информации околу разговорите додавајќи дека кон договорот ќе делува спроед неговите уставни надлежности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст