Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина на аргентинскиот фудбалер.
Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми.
– Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него, истакна слаткарката Дарија Малкина.
Таа наведе дека веќе стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.
– На Лионел Меси ќе му го дадеме Лионел Меси, изјави Малкина.
Скулптурата ќе биде изложена во Броници, град оддалечен 50 километри од Москва, каде е стациониран аргентинскиот тим за време на Мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст