| четврток, 6 декември 2018 |

Да ги заштитиме името, идентитетот и државата Република Македонија – заврши протестот пред Собрание

Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија.

Протестот беше организиран против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Учесниците на протестот повикаа за одбрана на уставното име на Македонија.

– Ќе се бориме со сите демократски средства за поништување на срамниот Договор. Излегуваме да го заштитиме името, идентитетот и државата Република Македонија, истакнаа организаторите на протестот.

Тие носеа транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и најавија кривични пријави за директорот на Бирото за јавна безбедност и за министерот за внатрешни работи.

– Бараме од пратениците да употребат институционални и вонинституционални мерки за отворање дебата за нерационалното решение што ни се наметнува. Ги повикуваме и граѓаните да спречат понатамошно кршење на Уставот и сме против двосмислено референдумско прашање за името, нагласија тие.

Апелираа и до медиумите да известуваат непристрасно од протестите.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top