Репрезентацијата на Германија со судни маки ја победи Шведска во последниот денешен натпревар од програмата на Светското првенство и со тоа остана во игра за пласман во осминафиналето.
Швеѓаните го отворија резултатот со прекрасниот гол на Ола Тоивонен во 32. минута, а со овој резултат се замина и на одмор.
Во вториот дел Германците веднаш го пронајдоа патот до мрежата. Марко Ројс во 48. минута изедначи на 1:1 и најави дека Германија до самиот крај ќе атакува на трите бода.
Сепак, удар за „панцирите“ следуваше во 82. минута кога Жером Боатенг заработи втор жолт картон и мораше да ја остави Германија со играч помалку во последните десетина минути.
Вистинска ерупција на стадионот во Сочи следуваше во 95. минута кога Тони Крос на мајсторски начин го совлада Олсен и го постави конечниот резултат на средбата.
Madness as Toni Kroos saves Germany's WC campaign with a last minute stunning freekick. pic.twitter.com/Q481uWVlb9
— Dammit Arsenal🤦 (@DammitArsenal) June 23, 2018
Во последното коло ќе се решава судбината на сите три репрезентации во оваа група која ни понуди многу возбудувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст