На вечерашниот протест не смее да се дозволи да има луѓе со фантомки на главите, порачуваат организаторите од студентското движење „Млади за Македонија“. На социјалните мрежи тие ги повикаа граѓаните ако забележат лице со фантомка, да му ја симнат и да го предадат на полиција.
„Кружат информации дека на денешниот протест ќе има инфилтрирани провокатори со фантомки, кои имаат за цел да ја нападнат полицијата и да предизвикаат немири. Со тоа и да нанесат штета на одбраната на името. Ве повикуваме сите вие на секој оној кој има фантомка да му ја отстраните фантомката и лицето да го предадете на полицијата. Исто така, со мобилните камери снимајте ги сите лица кои се провокатори, важно е да биде отстранета фантомката за да се знае кој ги прави провокациите. Сите кои доаѓаат со фантомки се дојдени за да направат инцидент и затоа не смее да се дозволи луѓе со фантомки воопшто да бидат присутни на протестот“, повикаа „Млади за Македонија“.
Тие нагласуваат дека по никоја цена не се дозволени напади на полицијата. „Полицајците се наши браќа кои го даваат животот за нашата татковина Македонија. По никоја цена не смее да се дозволи напади на полицијата, а ние се оградуваме од секаков вид на насилство. Ве повикуваме сите вие да се воздржите од насилство и да превенирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид на насилство, говор на омраза или недолично однесување“, напишаа организаторите на социјалните мрежи.
Протестот за одбрана на името на државата е предвидено да почне во 20 часот пред Собранието на Република Македонија. Веќе е поставена бина за говорниците на тротоарот во паркот „Жена – борец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст