| четврток, 6 декември 2018 |

Срам за ФИФА: Брих зборувал германски, му се заканувал на Матиќ

Српскиот капитен Александар Коларов призна дека неговата репрезентација го загубила дуелот со Швајцарија на сопствени грешки, но не заборави да го критикува и главниот судија Феликс Брих. Искусниот Коларов не е задоволен од неговите одлуки, но и фактот што ФИФА делегирала германски судија за натпревар на Швајцарија.

– Луѓето од ФИФА не смеат да бидат задоволни од она што го видоа вечерва, како нам да ни ставеа да ни суди Црногорец, не можам да поверувам дека Германец и суди на Швајцарија. Цело време зборуваа на германски,  а јас ги молев да зборуваат на англиски затоа што ова не е Германија. Имаше пенал како куќа над Митровиќ, не знам што прават тие 15 судии во ВАР собата. Судијата ми кажа во 90. минута дека го спасил Матиќ од втор жолт картон.

– Нему му одговараше да биде 1:1, тоа можам да го кажам како капитен. На 1:0, нашите тројца играчи за врска добиваат жолти картони за полупрекршоци, а стартот на Лихтштајнер над мене не е санкциониран. Не сакам судењето да ни биде алиби, Швајцарија е квалитетен состав, но јас не сум задоволен од судењето, сепак ова е Светско првенство, – истакнал Коларов.

Една од главните ѕвезди на Србите, Немања Матиќ како и останатите репрезентативци од својот национален тим беа разочарани, но исто така не пропушти да посочи дека судењето на Феликс Брих било катастрофално.

Фудбалеро на Манчестер Јунајтед откри и еден детал од кој многу се шокирани

„Судењето беше катастрофална. Кога ситуациите беа 50-50 секогаш им даваше на нив, гршно досуди и низа аутови. Не ни досуди чист пенал, не знам зошто не гледаше ВАР. Даваше жолти картони без врска, за прв старт. Во вториот дел не можевме да бидеме агресивни. Во второто полувреме ми кажа дека ме чека на уште еден старт за да ми даде црвен“ откри Матиќ по мечот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top