Откако синоќа српскиот весник Информер ги обвини коментаторите на РТС дека навивале за Хрватска против Аргентина, вечерва дојде уште една глупост од нашето соседство.
Косовскиот претседател Хашим Тачи преку социјалните мрежи им упати честитки на швајцарските репрезентативци Џердан Шаќири и Гранит Џака за головите и победата против Србија.
Congratulations to goalscorers Xhaka, Shaqiri and entire #Switzerland on a well deserved win! Proud of you 👍🏼 #Kosova ju don!
— Hashim Thaçi (@HashimThaciRKS) June 22, 2018
„Честитки за Џака и Шаќири и швајцарската репрезентација за заслужената победа. Косово ве сака“, напиша Тачи.
Двајцата фудбалери досега постигнале еден куп голови за швајцарската репрезентација, но контроверзниот политичар никогаш јавно не им честитал. Јасно е дека сега пораката доаѓа затоа што головите се против Србија иако Џака и Шаќири, како големи патриоти, не играат за Косово, туку за Швајцарија.
Извор Спорт клуб
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст