Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вчера склучија брак во црквата „Свети Василиј Острошки“ на Бежаниска коса во Белград, а младенците за малку немало да се венчаат бидејќи нивниот кум, кошаркарот Милош Теодосиќ ги заборавил бурмите!
Меѓутоа, во последен миг, кога веќе биле собрани пред црквата, на кошаркарот му било доставено кутивчето со прстените и венчавката поминала во најдобар ред. На свадбата на годината, невестата пристигна пред куќата на младоженецот во луксузна лимузина, а потоа со младоженецот седна во бела кочија и така заминаа во црквата каде што се заколнаа на вечна љубов пред Господ и пред присутните гости.
Откако Пријовиќ и Живојиновиќ го склучија црковниот брак, музиката и насобраните гости ги разбрка силен ленен дожд, кој, за среќа, траеше кратко време.
„По раѓањето на децата, ова ми е најемотивниот миг досега. Им посакав здравје и среќа, да уживаат и да ги имаат сите услови за тоа. Да бидат паменти, но и вредни. Мора да се договараат, ги советував дека мора да се согласуваат и да се договараат за се’“, изјави Брена за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст