– Гледам во Законодавниот дом се повикуваат на две историски личности Гоце Делчев и Скендеребег. На нивно место, посоодветно би било идентификувањето со Коте од Руља, отколку со Гоце Делчев и Скендербег, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.
– Сепак не треба да ги навредуваат ликот и делата на тие личности. Повеќе мислам дека им прилега епитетот Коте од Руља и на тоа име треба ние да ги распознаваме тие луѓе кои што го потпишаа овој договор и кои што се обидуваат на јавноста оваа капитулација да ја претстават како победа, истакна Мицкоски.
Тој потенцираше дека одговорноста за целокупниот процес на преговори е само на едно лице и неговиот придружник, а тоа се Зоран Заев и Никола Димитров.
– Тие ја доведоа Македонија во една ваква ситуација да го изгуби правото на самоопределување на Македонецот. Овој договор во иднина врши комплетно уништување на Македонецот, нагласи Мицкоски.
Кој е Коте од Руља?
– Карвангелис бил пратен во Егејска Македонија за да создаде поделба на Македонија. Сфатил дека е силно македонското движење, а Грција не го поддржувала со доволно средства. Затоа му требал предавник за да ги разниша темелите на македонското битисување. Каравангелис ветил дека ќе ги школува децата на Коте од Руља. Му ги школувал децата, им ветил дека ќе бидат елита. На Заев му е ветено да биде новиот Коте од Руља. Чакаларов го чекаше Коте од Руља за да му пресуди, раскажува Петровски во телевизиско гостување.
Константин Христов Саров или Саровски, наречен Коте, познат како Константинос Котас или Котас Христу (на грчки: Κωνσταντίνος Κώτας или Κώττας; Κώτας или Κώττας Χρήστου) бил деец на Македонската револуционерна организација, по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза и учествувал во Борбата за Македонија како андартски капетан.
Коте е роден 1863 година во костурското село Руља во областа Корешта. Тој станал член на револуционерната организација, но бил во судир со раководството заради неговиот арамиски карактер, кражби и друго, заради што бил и во затвор.
По излегувањето од затвор, имало неуспешен обид за ликвидација Коте, по што тој стапил во контакт со костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис. На оваа средба митрополитот Каравангелис истакнал:
– Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки. Впрочем, нашата црква и патријаршијата секогаш беа во првите редови на слободата. „Од денес” му реков „ти ќе бидеш со нас, ќе бидеш прв човек. Ќе те исправам долу да ги запознаеш грчките цареви а твоите деца ќе ги испратам да учат во Грција, му рекол Митрополитот.
Коте ги прифатил барањата на митрополитот, а за возврат од него добивал плата од 10 лири и неговите двајца сина ги испратил на школување во Атина каде што ги примил Павлос Мелас. Меѓутоа Коте и покрај договорот се уште не застанал отворено на страната на грчката пропаганда, продолжувајќи ја својата дејност во Македонската револуционерна организација.
Меѓутоа Коте во почетокот на 1902 година морал да се појави пред револуционерниот суд на Организацијата во селото Кономлади, каде што бил осуден на смрт, но Гоце Делчев го помилувал откако добил ветување од Коте дека ќе се поправи.
Меѓутоа, и покрај помилувањето Коте продолжил со својата ретроградна дејност и во август 1902 година повторно е направен обид за ликвидација на Коте во селото Ошчима. Oбидот бил неуспешен, но во текот на нападот бил заробен неговиот содружник Геле Трсијански.
Контактите на Коте со грчката пропаганда како и здружувањето со полковникот Јаков, кој бил деец на Македонскиот врховен комитет, придонеле во април 1903 година да дојде до потврдување на смртната пресуда на Коте од страна на костурското раководство под притисок на Пандо Кљашев и Васил Чакаларов, и покрај спротиставувањата на Даме Груев и Лазар Поп Трајков.
По Балканските војни новите грчки власти родното село на Коте го преименувале во Котас, неговата куќа била претворена во музеј, а во селото има и негов споменик со натписот Пионер на Македонската борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст