| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија стави вето на почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Албанија

Холандскиот парламент го блокираше отварањето на пристапните преговори на Албанија со ЕУ во пресрет на самитот на Европската унија следната недела.

На самитот, Тирана требаше да добие одобрување за почеток на преговорите за членство.

Повеќе од половина од пратениците, 76 од 150 вклучувајќи пратеници кои ја поддржуваат владата на премиерот Марк Руте ги блокираа преговорите поради „сериозна загриженост околу борбата против корупцијата“, пренесе Еурактив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top