| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина мигранти пронајдени во автомобил на автопатот Штип – Скопје, возачот им побегнал на полицајците

Ноќеска на автопатот Штип-Скопје, кај место викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки. Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип.

Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал. Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top