Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари во Младинскиот центар за правата на децата-имигранти.
– По некое време нашите деца ќе нѐ прашаат дали тоа е вистина, дали нашата земја навистина ги раздвојува децата од родителите и ги става во имигрантски центри. И кога ќе им одговориме дека тоа навистина е така, тие ќе нѐ прашаат што сме направиле ние по прашањето, што сме кажале, за што сме се залагале. Ние не можеме да ја промениме политиката на оваа администрација, но може да помогнеме за заштита на нејзините жртви – се вели во заедничката изјава на двојката.
Причината за нивната реакција е скандалот во САД поради политиката на „нулта толеранција“ кон илегалните имигранти. Од мај оваа година граничната полиција е должна откако ќе ги фатат оние кои илегално ја преминуваат границата со САД, да ги разделат децата од нивните родители, кои одат во притвор, додека се водат законски постапки против нив. Децата, пак, се сместуваат во специјални центри.
Околу 2.300 деца се одвоени досега од нивните родители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст