| четврток, 6 декември 2018 |

Позната македонска личност присуствуваше на свадбата на Александра и Филип (Фото)

По четиригодишна врска познатата српска пејачка Александра Пријовиќ вчера официјално стана и госпоѓа Живојиновиќ и заплива во брачните води со Филип Живојиновиќ.

Музичари, пејачи, водители, спортисти можеа да се видат на големото случување кое го одбележа вчерашниот ден.

Покрај гостите од Србија, имаше гости од Америка, но и од Македонија. Познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ ја имаше честа да биде дел од свадбата на семејството Живојиновиќ.

На социјалните мржи се појавија неколку фотографии на кои е Антиќ заедно со негов колега и пријатели.

вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top