| четврток, 6 декември 2018 |

Свекрвата Брена со пердуви, снаата во бела кочија: Првите снимки од венчавката на Филип и Александра Пријовиќ (фото – видео)

Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ денес го кажаа судбоносното „да“ во црквата Св. Василиј Отрошки. На церемонијата на венчавката во црквата присуствуваа околу стотина гости, а кумови беа кошаркарот Милош Теодосиќ и пејачот Ацо Пејовиќ.

Таткото на младоженецот, Боба Живоиновиќ, бил задолжен за целата организација на свадбата, а мајката, балканската ѕвезда Лепа Брена изгледала интересно во розева комбинација со пердува на главата.

– Навистина не сум суеверна, а овој дожд е таман за малку да ја излади атмосферата, изјавила Брена додавајќи дека „Боба организира сè толку добро што навистина мислам дека ништо не може да тргне наопаку”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top