| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за жител на Муртино: На малолетни деца им покажувал порнографски содржини

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.К. (48) од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

На 13.05.2018 година пријавениот, додека ловел риби на реката близу село Еднокуќево, се доближиле две малолетни деца, по што истиот од мобилниот телефон им покажувал видео клипови со порнографски содржини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top