| четврток, 6 декември 2018 |

Социјална заштита лани користеле 14.758 малолетни и 43.040 возрасни лица

Социјална заштита минатата година користеле 14 758 малолетници и 43 040 полнолетни лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаат услугите на социјална работа, кои изнесуваат 49.5 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаат услугите за социјална заштита, 84.9 %.

Во 2017 година, 26 160 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.д

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top