| четврток, 6 декември 2018 |

Салах демантира: Нема конфликт во репрезентацијата

Најдобриот фудбалер на Египет Мохамед Салах демантира дека ја напуштил репрезентацијата на еден натпревар пред крајот на групната фаза на Светското првенство 2018 во Русија.

Откако Египет остана без шанси да продолжи во следната фаза, се појави информација дека Салах се одлучил да го напушти националниот тим и да не игра на последниот натпревар, наводно нзадоволен од условите и комплетната атмосфера која владеела во селекцијата на Египет. Тој изразил отворено незадоволство што кампот на египетската селекција бил од отворен тип, па цело време како на пазар дефилирале роднини, пријатели, бизнисмени и јавни личности од Египет.

Салах ја демантира оваа информација.

„Сите сме заедно. Нема никаков конфликт во репрезентацијата на Египет. Се почитуваме еден со друг и односот е на најдобро можно ниво“ – напиша фудбалерот на Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top