| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата кој судеше на Португалија – Мароко го сакал дресот на Роналдо

Американскиот судија Мајк Гергер кој ја делеше правдата на вчерашниот натпревар од СП меѓу Португалија и Мароко сакал да го добие дресот на Кристијано Роналдо.

– Слушнав од Пепе дека судијата го сака дресот на Роналдо. Мислам дека вакви работи на еден Мундијал се неверојатни. Очигледно е дека арбитерот беше импресиониран од Кристијано. Сепак треба да знае дека ова е Светско првенство, а не циркус, изјави мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат кој беше незадоволен од судењето.

Португалија го доби натпреварот со 1:0 со голот на Роналдо и го остави Мароко без никакви шанси за пласман во следната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top