| четврток, 6 декември 2018 |

Росоклија: Трочлената банда ја претвора Македонија во европска депонија

Професорот Горазд Росоклија преку својот профил на „Фејсбук“ го изнесе својот став дека „македонската трочлена банда“ од Македонија направила „европска депонија“.

„ЕВРОПСКА ДЕПОНИЈА

Македонската трочлена банда, тотално безвредни во нивните досегашни животи, ниту еден од нив макар со локална професионална афирмација, едниот помилуван криминалец, гуската и мочкото цел живот на функции со бенефиции кои ги плаќа Македонецот против чии интереси работат, беспоговорно кон меѓународната и со молскавична брзина го спроведуваат ЕУ-планот за Македонија!

И тој план не е ниту може да биде инкорпорирање на Македонија во Европа, туку е претворање на Македонија во изолирана европска депонија.

Го избришаа македонскиот идентитет, државата ја разградија, а тоа што останува го ставија на милост и немилост на Грција и на Бугарија. Следува промена на етничкиот состав со доселување бегалци главно од северна Африка, кои ќе бидат населени исклучиво во источните делови на Македонија, кај што за нив има стотици празни новоизградени станови, започнаа федерализација која ќе води до поделба на земјата, отвораат рудници на смртта на исток, започнато од ВМРО-ДПМНЕ, егзекутирано од инсталиранава власт…

Практично, Македонија станува европска депонија во која ќе останат и ќе доаѓаат луѓе кои немаат друг избор.

Прекрасна земја на пат да биде уништена од нас самите.

Сѐ што верувавме дека нема да ни се случи, ни се случи, но ние и понатаму одбиваме да веруваме дека ќе ни се случи тоа во што не веруваме.

Ние што сме надвор ја губиме татковината, вие што сте во Македонија губите сѐ“, напиша професорот на Универзотет „Колумбија“ од Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top