| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу деца се раѓаат среде ноќ

Студијата која опфатила повеќе од пет милиони породувања во Англија, покажала дека повеќе од 70 отсто од природните породувања се случуваат надвор од работното време на лекароте и тоа многу лесто во четири часот наутро, пренесува „Би Би Си“.

Во најголемиот број од случаите, породувањата се одвиваат помеѓу 1 часот после полноќ и 7 часот наутро.

Царските резови обично се првата наутро во време на викенд, а индуцираните породувања, околу полноќ, наведено е во студијата.

Истражувањето е направено на Универизтетот во Лондон и ги опфатило податоците од повеќе од пет милиони породувања помеѓу 2005.и 2014.година.

Истражувачите велат дека тоа што само 28 отсто од породувањата се случуваат во работно време, помеѓу 9 и 5 попладне, во текот на работната недела, би можело да влијае на бабиците и докторите.

Шон О’Саливен од Кралскиот колеџ за бабици рекол дека истражувањето ќе може да им помогне на службите подобро да ги организираат своите кадри и смените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top