Неизвесно е дали НАТО ќе ги преживее длабоките поделби меѓу САД и Европа, предупреди денес шефот на алијансата. Во колумна објавена во „Гардијан“, генералниот секретар Јенс Столтенберг вели дека „облаците на политичката бура“ создаваат грижа меѓу членките на НАТО.
Столтенберг апелираше до лидерите да избегнат катстрофален распад, велејќи: „Каде што има разлики, мора да елиминираме секакво негативно влијание на нашата безбедносна соработка“.
– Откако алијансната беше создадена пред речиси 70 години, народите на Европа и на Северна Америка уживаа во незабележан претходно период на мир и напредок. Но, на политичко ниво, врските кои не штитат се под закана, пишува Столтенберг.
Постојат вистински разлики меѓу САД и другите сојузници за прашања како што се трговија, климатски промени и иранскиот нуклераен договор, пишува генесекот на НАТО.
Статијата на Столтенберг е објавена пред самитот на алијанснта наредниот месец и пред средбата со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј.
Ставовите изнесени во колумната на Столтенберг следуваа откако американскиот претседател Доналд Трамп вербално ја нападна германската канцеларка Ангела Меркел, додека ја бранеше сопствената политика на раздвојување на децата од нивните родители на американската граница, велејќи дека САД нема да станат „мигрантски камп додека јас сум претседател“. На Твитер, пак, тој напиша дека „германскиот народ се сврте против раководството во период кога миграцијата ја тресе лабавата коалиција во Берлин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст