| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерка преживеала хорор во виничко: Маж се обидел да ја силува додека ги напасувала овците

Вчера во Полициската станица Виница, 36-годишна жена од виничко село пријавила дека во понеделникот во периодот од 14.00 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16 годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува.

Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top