Општина Аеродром годинава доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец. За оваа цел, општината има издвоено 2.800.000 денари од сопствениот Буџет.
Од денеска родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот (http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari).
Од Општината информираат дека во прилог на барањето потребно е да се достават потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2018/2019 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром, оригинал извод од матичната книга на венчаните (за родителите/старателите на првачето), оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето), важечки лични карти од двајцата родители, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром и трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите), кои треба да се оригинал, на увид, а не копија.
Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст