РАК
Раковите лесно стекнуваат непријатели поради своите жолти минути во кои тешко ги контролираат
бесот и параноите. Кога е во прашање пијанка односно некоја капка повеќе испиена со припадниците
на овој знак, најдобро е да пазите што зборувате и точно какви гримаси правите, бидејќи постои
реална опасност да испаднете луди и чукнати само поради еден погрешен поглед. Имајте на ум дека
никогаш нема да ги победите, па ве советуваме, доколку ви значат, сепак да пробате да им се
приклучите и да не им се спротиставувате.
ОВЕН
Иако се великодушни и со топол карактер, знаат да бидат многу тешки и напорани поради тоа што
секогаш бараат внимание од другите, вклучувајќи драми, манипулации и глумење жртва. Посебно
знаат да бидат „одвратни“ ако нешто не им оди по планот или кога реализацијата на нешто што го
сакаат зависи од вас. Тогаш стануваат неподносливи, се лутат и плачат како побеснети деца. Многу се
тешки кога ќе се напијат и подобро е да не бидете со нив во тие моменти, кога треба да ги носите дома
пијани или ако покажат интерес за започнување на кавга. Верувајте, ќе ви ја расипат забавата.
ВАГА
Тие се големи дипломати и еден од најдруштвените знаци на хороскопот, но склони се кон пасивна
агресија. Ако се соочат со сопственото однесување, не се чувствуваат виновни, туку ги прогласуваат за
виновници другите. Во љубовта се топли и грижливи, но и ако ве сакаат и обожуваат, тоа нема да ги
спречи да пробаат секс со други луѓе, чисто од нивни само разбирливи причини. Со нив постојано
животот ќе ви биде како шоу програма.
РИБИ
Премногу се чувствителни и повлечени. Тешко се поднесуваат ако ги фати меланхолија. Претерено
чувствително реагираат на секој облик на критика, пасивни се и преполни со комплекси. Она што за
нив може да претставува најнормална работа, за вас може да биде незамисливо и бидете сигурни дека
вашиот став нема да го земаат во предвид, кога е во прашање нивното лично задоволство. Се трудат
да бидат праведни, но од свој сопствен агол, кој не мора секогаш да биде погоден за вас. Понекогаш
знаат своите фрустрации да ги наметнат на другите и преферираат долги караници без решение.
Сепак овој свет без нив би бил навистина досаден, но секоја медала има две страни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.