Судот во Турција покрена обвинение против таткото на НБА кошаркарот Енес Кантер, Мехмед, во кое го обвинија дека е член на терористичка организација, јави турската новинска агенција „Анадолија“.
„Анадолија“ наведе дека е завршена истрагата околу Мехмед Кантер и дека судските обвинители бараат да се прогласи за виновен и осуди на затворска казна од пет до десет години. Сепак, не е наведено кога ќе започне судењето во западната провинција Текирдаг.
Според овој извор, повозраскиот Кантер, кој е професор, е обвинет дека контактирал со околу 120 осомничени за наводни врски со проповедникот Фетулах Ѓулен. Тој беше исфрлен од јавната служба по неуспешниот пуч, и беше пет дена во притвор минатото лето.
Енес Кантер, кошаркарот на Њујорк, е поддржувач на турскиот проповедник, Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и е обвинет од турската влада за организирање на неуспешен државен удар во 2016 година. Ѓулен ги негира овие обвинувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст