Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните, кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието.
Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата изјави дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција, бидејќи, како што смета, би било подобро партијата да бдие внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки.
Олумчев рече дека разговарале и за референдумот за кој Мицкоски во медиумите дал изјава дека ќе гласа против, а од Здружението му посочиле дека треба да се спречи тој референдум со образложение дека името на Македонија не е добиено на гласање туку тоа се пренесувало од дедовци и прадедовци со векови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст