
Вчера околу 15.45 часот на ул. „Индира Ганди“, општина Шуто Оризари, додека К.Н. (55) од Скопје продавал на тезга, забележал дека возач на приватен автобус се движел кон тезгата и од непозната причина не можел да го сопре автобусот, по што удрил во тезгата.
К.Н. ја оттргнал внуката од местото на настанот со цел да не бидат повредени, по што му се слошило и паднал во бесознание. Со друго возило бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.
Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


