| четврток, 6 декември 2018 |

Големо полициско обезбедување околу Собранието пред почетокот на протестите

Големо полициско обезбедување е распоредено околу Собранието пред почеток на протестите поради промената на името.

Синоќа, на протестите, полицијата употреби солзавец и шок бомби, за да ја растера толпата.

Демонстрантите, за кои МВР тврди дека демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, реагираа дека полицијата употребила прекумерна сила.

Основното јавно обвинителство покрена истрага за синоќешните случувања пред Собранието, во кои повредени беа седум полицајци, а десетина други побарале лекарска помош. Како што соопшти МВР приведени се 26 демонстранти.

фото: Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top