| четврток, 6 декември 2018 |

Од подрум украдени 10.000 евра

Непознат провалник успеал да влезе во подрум во тетовска куќа каде налетал на злато и сребро.

Според полицијата ограбен бил домот на С.Н. на улица Борис Кидрич. Провалникот по обивањето на бравата од подрумот, го украл златото и ги собрал сите алати на кои наишол. Тетовската полиција трага по него. Сопственичката, украденото злато и сребро го проценила на вредност од 10.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top