Шведска ја победи со 1 – 0 Јужна Кореја и го започна победеносно учеството на Мундијалот 2018. Единствениот гол на натпреварот падна во 65-тата минута, кога Андреас Гранквист постигна од пенал.
Овој пенал беше досуден од судијата Агилар по користење на системот за видео повторување (ВАР).
Така скандинавците запишаа успех на светските првенства, каде се за прв пат по 12 години. Шведска покажа цврст фудбал, тотално ја надигра Јужна Кореја и заслужено ја освои победата и трите бода.
Сонародниците на Златан Ибрахимовиќ веќе се лидери во групата „Ф“ заедно со Мексико, кој вчера ја победи Германија.
Од своја страна тимот од Азија тотално разочараа во овој натпревар и логично загубија. Јужна Кореја и понатаму нема победа над Шведска, гледано историски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст