Настаните кои го заокружија вчерашниот ден, кога беше потпишан капитулантскиот договор Заев – Ципрас, Договорот од Преспа, насилствата пред Собранието се увертира на смислено сценарио од власта за создавање на ситуација за нов 27 април.
Зоран Заев е единствениот победник од крвавиот 27 април 2017 година, а за да ја потврди победата, насушно му е потребен уште еден крвав 27 април.
Политичар како Заев, кого сопствениот народ го доживува како предавник, нема авторитет кај народот. Со текот на времето власта создадена преку државен удар, без правна основа и поддршка од мнозинството Македонци, спроведува репресии и бруталност на уривање и уништување на сè и секого кој ѝ стои на патот. Така Македонците ќе бидат принудени да прифатат сами себе да се поништат, што е уште една потврда на 27-априлската победа на Зоран Заев.
Дали вчерашното сценарио е конфликт за канализирање и уништување на отпорот на народот кој се манифестира со демократски мерки и оцрнување на сите оние кој се противат на промена на името?
Проработеа инсталациите на власта, па не изненадува присуството на Јанко Бачев, кој излезе без гребнатинка по инцидентот – со руско знаме качен на полициско транспортер, или на дузината насилници, провокатори, кои се провлекуваа низ толпата мирен народ, а по судирот, кога почна полицијата да го тепа народот и да апси новинари, мистериозно исчезнаа.
Околу Собранието имаше засилено присуство на полицајци во цивилна облека, распоредени меѓу обичниот народ, кои во одреден момент ѝ се приклучија на полицијата и земаа штит во раката и почнаа да удираат по насобраниот народ.
Дополнително симптоматично е што организаторот на протестите ја повика масата народ пред Собранието наместо пред владата која го потпиша капитулантскиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст