Професорот Илија Чашуле преку статус објавен на социјалнитем мрежи вели дека не може да им се изначуди на некои интелектуалци кои го поддржуваат договорот потпишан со Грција, а за кој вели дека има многу сомнителни формулации.
– Гледам некои интелектуалци го поддржуваат договорот и не можам да се изначудам. Проблемот не е толку во името, можеби Северна Македонија има доза на реалност (значи дека грчката е јужна) и во некој друг свет би можело да го бара населението на Македонија.
– Но суштината е дека народот тоа не го побарал никогаш низ целата историја и дека се работи за неофашистичка присила од страна на Грција како дел од грозоморна уцена, Затоа јас категорички не го прифаќам. Во деталите на договорот има многу сомнителни формулации, со длабоки последици. За мене најстрашни се одредбите каде Грција го презема правото да ни кажува како ќе го употребуваме името Македонија и македонски, ни кажува дека ќе бидеме казнувани ако се интересираме за старата Македонија, Грција ќе бира кои знамиња можат да се веат, ќе ни ги цензурира учебниците, ќе не тера спомениците да ги обележиме како елински и сл., пишува професорот на Фејсбук.
Ете зошто напишав дека фашизмот се повампирува во Македонија.
– И најстрашно, интелектуалците не можат да видат дека е ова суров удар врз македонското малцинство на кое по овој договор му се забранува поврзување на каков било начин со Република Македонија по цена на казна. Западот и Европа истакнуваат дека се изградени врз слободата на изразувањето и говорот. Одредбиве се безочен напад врз слободата на изразувањето и би требало да бидат осудени од европските центри. Интелектуалци каде сме сега? Ова е една од најсрамните страници во македонската историја, нагласува професорот преку социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст